Пожарите во Калифорнија принудија 50.000 луѓе да ги напуштат домовите
Шумските пожари во Калифорнија принудија околу 50.000 луѓе да избегаат од нивните домови. Властите соопштија и дека околу 12.000 пожарникари се борат со 17 големи пожари во таа американската сојузна држава. Калифорнија годинава се соочува со многу поголеми пожари отколку оние во истиот период лани. Во пожарите во областа Рединг на северот на Калифорнија страдале 5 лица, а уништено биле повеќе од 500 згради. Огнот до сега зафати површина од околу 350 квадратни километри.