Нови апсења на ѓуленисти во Турција
Јавното обвинителство во Анкара нареди апсење на 19 лица, кои порано биле вработени во универзитетот Гази, поради наводни врски со движењето на Фетула Ѓулен, политичкиот противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави АП.
Ова е уште едно во низата апсења на т.н. осомничени ѓуленисти од укинувањето на вонредната состојба во Турција, која беше воведена по неуспешниот обид за преврат во земјата.
Според агенција Анадолија, припадници на антитерористичката полициска единица спровеле операција против групата и досега уапсиле 10 лица.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен дека е организатор на државен удар од 2016 година.