По земјотресот, над 500 планинари заглавени на вулкан во Индонезија
По вчерашниот силен земјотрес што го погоди индонезискиот остров Ломбок, над 500 планирани се заглавени вулканот Ринџани, кад единствениот пат е затворен поради лизгање на земјиштето, јави Ројтерс.
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени, во кој загинаа 16 луѓе и беа уништени стотина куќи, предизвикал лизгање на земјиштето што го затрупа патот кој води до и од вулканот. Ринџани е вториот најголем вулкан во Индонезија и е популарна планинарска дестинација.
Индонезиските спасувачки екипи користат хеликоптери за да ги евакуираат планинарите, но се очекува нивното извлекување да трае најмалку до утре.