СДСМ: Време е ВМРО-ДПМНЕ да научи како се работи транспарентно
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и како се слуша гласот на граѓаните, реагираше денеска владејачката СДСМ, на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата планира да троши милиони од буџетот за скапи автомобили.
„Не постои поголемо крадење од она што ВМРО-ДПМНЕ континуирано го правеше 11 години. По години назадување, економијата денес се стабилизира и тргнува во добар правец, а граѓаните ги чувствуваат придобивките од успешната работа на Владата предводена од СДСМ, којашто продолжува да ги спроведува мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани“, стои во рекацијата на СДСМ..