Собир во Атина за жртвите во пожарите
На плоштадот Синтагма во Атина вечрва во 21 часот ќе се одржи собир во чест на жртвите од пожарите. Настанот е наречен „Едно извини од нас, до сите вас таму горе“, организиран од страна на поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис на социјалните мрежи.
Тој вечерва во 21 часот ги повикува граѓаните со свеќи во рацете мирно и тивко да се соберат на плоштадот Синтагма да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари. Неговата порака и најавата за собирот, како што јави дописничката на МИА од Атина, ја објавија сите грчки медиуми