САД ја повикаа војската на Зимбабве на воздржаност
Американската амбасада во Хараре ја повика војската на Зимбабве да покаже воздржаност по убиството на неколкумина демонстранти на протестот на опозицијата. Исто така се изразува длабока загриженост поради развојот на ситуацијата во таа земја по изборите. Приврзаниците на опозицијата се собраа вчера на протести поради наводната изборна кражба, по што на улиците излезе војската. Во Зимбабве во понеделникот беа одржани општи избори.