САД со санкции двајца турски министри
![САД со санкции двајца турски министри](https://gdb.rferl.org/EB1EE26B-546A-41D6-8507-9F470DE94DDA_w800_h450.jpg)
Белата куќа соопшти дека САД воведуваат санкции против турските министри за правда и за внатрешни работи Абдулахит Ѓул и Сулејман Сојлу во врска со случајот со американскиот свештеник Ендру Бренсон, кому во Турција му се суди за тероризам. „Сметаме дека тој е жртва на неправеден и неоправдан однос од страна на турската влада“, изјави портпаролот на Белата куќа, Сара Сендерс. Бренсон е обвинет за соработка со мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, која се смета за одговорна за обидот за државен удар во Турција.