Трамп бара крај на истрагата за руската вмешаност во изборите
![Трамп бара крај на истрагата за руската вмешаност во изборите](https://gdb.rferl.org/23EE7AFC-D36C-435A-8586-BB906E471B1E_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде запрена истрагата за врските меѓу Русија и неговиот изборен штаб во 2016 година. Оваа негова порака на Твитер предизвика лавина на критики во Вашингтон. Републиканците во Конгресот оценија дека истрагата мора да продолжи додека Демократите сметаат дека ова е уште еден обид на Трамп да го попречи судството.