Затворена Ајфеловата кула, вработените штрајкуваат
Ајфеловата кула, најголемата атракција во Париз, од вчера попладне е затворена поради штрајк на вработените, јавија западните новински агенции.
Вработените се жалат на долгите редови од туристи кои сакаат да се качат на 324 метри високата атракција и на лошата организација на посетите. Управата на кулата и синдикатот не успеаа да постигнат договор во врска со новиот систем за пристап на туристите до кулата, кој, како што тврдат вработените, создава огромни редици.
Ајфеловата кула е затоворена вчера во 16 часот и не се знае дали штрајкот ќе продолжи и денес.