СДСМ: МТВ со денешната програма за Илинден против интересите на Македонија
Владејачката СДСМ денеска го критикуваше националниот јавен сервис МТВ, дека со денешната емисија и преносот од одбележувањето на Илинден „емитувала програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија“.
„Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Македонија. МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси“, стои во реакцијата на СДСМ.
Социјалдемократите велат дека „мора да има одговорност за дешеното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис, а програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните“.