Американски сенатори со нови мерки против Русија
Влијателни американски сенатори воведоа пакет мерки кои имаат за цел да ги одбранат САД од агресијата на Кремљ. Во нив се вклучени финансиски мерки и силна поддршка за НАТО. Предлог-законот е една од неколкуте законски решенија кои ги разгледува Конгресот за да се казни Русија за наводното мешање во американските избори, нејзината агресија во Украина и Сирија и други активности.
Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам изјави дека моменталните санкции не успеале да ја спречат русија да не се меша во претстојните среднорочни избори во 2018 година. Според него, целта е да се смени статус кво ситуацијата во однос на руското мешање.