Каменос: Ќе ја напуштиме владата пред договорот од Преспа да дојде во Парламентот
„Кога и да дојде договорот во парламентот, ако поминат сите процедури од страна на Скопје, Независни Грци ќе ја напуштат владата. Ние тоа јасно го имаме кажано, не можам да се согласам за кое било решение што ќе го дава името Македонија без да му се даде збор на грчкиот народ, рече Каменос во интервју за радиото „Реал фм“, пренесува МИА.
Освен избори, Каменос рече дека постои и друго решение, а тоа е одржување референдум за грчките граѓани да одлучат дали го одобруваат или не договорот.