Тројца Палестинци загинаа во израелски воздушни напади врз Газа
Три лица загинаа во последниот бран на израелски воздушни напади кои беа извршени денеска врз десетици цели во Газа, додека палестинските милитанти истрелале голем број ракети во Израел.
Според Министерството за здравство во Газа, во бомбардирањето загинале бремена жена, нејзината 1-годишна ќерка и милитант на Хамас.
Најмалку седум Израелци се повредени од ракетите истрелани од Палестинците.
Израелската армија соопшти дека 150 ракети биле истрелани врз Израел, додека израелските воени авиони извршиле повеќе од 140 воздушни напади врз позициите на милитантите на Хамас.
Израел и Хамас се бореа во три војни, откако исламската милитантна група ја презеде контролата врз Газа во 2007 година.