Двајца новинари уапсени во Белорусија
Локалениот дописник на германскиот меѓународен радиодифузер Дојче веле Павлук Биковски, е уапсен во Белорусија поради сомненија за нелегално добивање информација од државната новинска агенција „БелТА.“
Неговата сопруга доцна синоќа изјави дека Биковски бил уапсен од страна на офицери на Истражниот комитет и оти ги конфискувале сите негови компјутери и кредитни картички.
Истражниот комитет во соопштение наведе дека заедно со Биковски истиот ден е уапсен уште еден новинар, Алексеј Жукау, исто така за случајот „БелТА.“
Апсењата ги одбележуваат последните чекори на широкиот напад врз медиумите кои критички известуваат за моќниот претседател Александар Лукашенко и неговата влада.