УЈП ќе добива податоци за граѓаните од банките за годишната даночна пријава
Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, нема да ја пополнуваат граѓаните, туку наместо нив, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.
Ова денеска на прес-кофнеренција го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска која посочи дека и досега од банките добивале податоци, но во хартиена форма за даночната постапка.
Со реформата, остварените приходи во оваа година граѓаните догодина нема да ја пријавуваат сами преку годишната даночна пријава во УЈП, туку УЈП ќе им достави пополнета годишна даночна пријава.