Ирачкиот премиер ја откажа посетата на Иран
Иран ја откажа посетата на премиерот Хајдер ал Абади по неговата изјава дека нема друг избор од тоа да ги поддржи обновените американски санкции против Техеран иако им се противи. Тој требаше да ги посети Иран по посетата на Турција кој почнува утре. Иран одржуваше добри односи со ирачката влада откако по интервенцијата на САД и сојузниците во 2003 година од власт беше соборен лидерот на Ирак Садам Хусеин, најголемиот непријател на Техеран. Посматрачите оценуваат дека Иран очигледно бил непријатно изненаден од изјавата на Абади во врска со американските санкции.