Малиќи: главни приврзаници на разграничувањето се Вучиќ и Тачи
![Малиќи: главни приврзаници на разграничувањето се Вучиќ и Тачи](https://gdb.rferl.org/1DD37E3A-FE04-4139-A8DB-329D4C285603_w800_h450.jpg)
Претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи се главни протагонисти на етничкото разграничување, изјави косовскиот писател, филозоф и аналитичар Шкељзен Малиќи во интервју за белградскиот весник „Данас“. Тој вели дека и првиот претседател на Сојузна Република Југославија Добрица Ќосиќ своевремено заговарал „мирна преселба“ и размена на територии, но додаде дека не е сигурен оти тоа може да се оствари без конфликти и жртви. „Етничкото разграничување на Косово не е само прашање на заштита на Србите, особено оние на северот, туку тоа ќе има далекусежни последици“, изјави Малиќи, додавајќи дека би можело да дојде до тензии и судири од помал интензитет, но не и поголеми поради присуството на КФОР.