Ердоган: ќе најдеме нови пазари и сојузи
![Ердоган: ќе најдеме нови пазари и сојузи](https://gdb.rferl.org/7f498a9c-075f-46a2-827c-a29850fa5e3f_tv_w800_h450.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги предупреди бизнисмените дека ќе преземе драстични мерки ако нивните компании ги повлечат странските валути од банките во екот на кризата во таа земја предизвикана од падот на турската лира. Претходно тој ги повика Турците да ги продадат доларите и еврата за да ја поддржат лирата.