„Визер“ ги укинува летовите до Барселона и Лондон
Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ од октомври повеќе не продава билети за авиолиниите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон, билети по 16 септември веќе нема да можат да се купат ниту за летовите до Ваксјо во Шведска.
На официјалната веб страница на компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации од октомври, односно последниот лет од Скопје до Барселона за кој може да се резервира билет е 26 октомври, а од Охрид за Лондон 24 октомври.
Од компанијата нема официјална потврда зошто по овие термини не може да се резервира билет. Македонската Влада го поништи последниот тендер за доделување субвенции за нискобуџетски летови на кој едниствена пријавена компанија беше „Визер“.