Пет мртви во хеликоптерска несреќа во Таџикистан
Пет лица загинале при несреќа во хеликоптер во источниот дел на Таџикистан, Според првичните извештаи се работи за тројца руски планинари и двајца таџикистански членови на екипажот на хеликоптерот. Умеда Јусуфи, портпаролка на Државната комисија за вонредни состојби на Таџикистан, изјави дека еден таџикистански пилот и 12 планинари, главно од Русија, го преживеале слетувањето на планината Памир. Според неа причина за несреќата се најверојатно лошите временски услови. Засега руската амбасада во Таџикистан не ја потврди националноста на планинарите. Таџикистанските државни медиуми претходно објавија дека хеликоптерот Ми-8 пренесувал 13 Руси, еден белоруски и еден шпански планинар откако тие претходно стигнале до врвот Исмоили Сомони, највисок во поранешниот Советски Сојуз.