Референдумот значи заокружување на иднината на Македонија
Во фокусот на панелот на тема „Патот до Брисел преку Охрид“, по повод одбележувањето 17 години од потпишувањето на рамковниот договор беше претстојниот референдум и колку тој е значаен за иднината на Македонија. Според учесниците, референдумот претставува заокружување на процесот кој бил започнат со потпишувањето на Рамковниот договор.