Косовската опозиција најави протести против претседателот Тачи
Косовските опозициски партии движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), најавија дека заеднички ќе организираат протести со цел да го спречат претседателот Хашим Тачи да го води дијалогот со Србија и на преговарачка маса да го постави прашањето за промена на границите.
Тие истакнаа дека се согласни заеднички да дејствуваат во Собранието за формирање на преговарачки тим, кој ќе го добие легитимитетот на законодавниот дом.
ЛДК, која е најголема опозициска партија, ги гледа и протестите како опција за да се спречат настојувањата на Тачи за корекција на границата, како и за водење на дијалогот со Белград.
И третата најголема опозициска партија, Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) најави дека ќе ги поддржи протестите.