Британската полиција со претрес на три локации по инцидентот во Лондон
Британската полиција извршила претрес на три локации во земјата откако едно лице со автомобил удри во безбедносна бариера пред британскиот Парламент и притоа повреди двајца пешаци. Според полицијата, бил извршен претрес на две локации во Бирмингам и една локација во Нотингам. Возачот кој е 29 годишен британски државјанин е осомничен за терористички акт.