Американски конгресмени на средби во македонското Собрание
Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент. Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда, треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова. Потоа предвидено е американските конгресмени да имаат разговори и со претседателите на повеќе собраниски комисии.