Судири во источна Украина: загинаа тројца војници и тројца сепаратисти
![Судири во источна Украина: загинаа тројца војници и тројца сепаратисти](https://gdb.rferl.org/377E07CD-1D91-41BB-9CEE-9818A8D28BAF_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Тројца украински војници се убиени и шестмина други повредени во судири со сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на земјата, соопштија украинските власти.
Министерството за одбрана на Украина денеска соопшти дека во борбите исто така се убиени тројца сепаратисти, а седум се повредени.
Сепаратистите 23 пати го прекршиле прекинот на огнот во изминатите 24 часа, пукајќи со артилерија, митралези, гранати и минофрлачи, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, сепаратистите тврдат дека украинските владини сили најмалку еднаш го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи минофрлачи и митралези.
Од април 2014 година, повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу силите на Киев и сепаратистите кои контролираат делови на регионите Доњецк и Луганск.