Таџикистански или руски воен авион извршил напад во Авганистан
Таџикистански или руски воен авион спровел воздушен напад во авганистанската провинција Тахар, откако се случиле судири во близина на таџикистанската граница, соопштија денеска авганистанските власти.
Портпаролот на полицијата во Тахар, Халил Асир, изјави дека бомбардирањето во областа Даркад во близина на границата, започнал откако двајца таџикистански граничари биле убиени во судири со Талибанците.
Осум талибански милитанти биле убиени, а шест други повредени, рече Асир.
Мухамед Џавид Хејри – портпарол на провинцискиот гувернер, го потврди инцидентот кој се случил на 26 август, но наведе дека судирот избил меѓу шверцери на дрога во Авганистан и таџикистански граничари.
Хејри рече дека не е познат идентитетот на шверцерите, додавајќи дека воениот авион е од Русија или од Таџикистан.
Тој додаде дека областа не е под владина контрола, туку под контрола на Талибанците.
Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид го потврди судирот. Тој истот така рече дека се случил меѓу шверцери на дрога и таџикистанските граничари, наведувајќи дека авионот бомбардишал шумска област која ја користеле шверцерите.