ОН: Армискиот шеф на Бурма треба да се соочи со обвиненија за геноцид
Истражителите на Обединетите нации повикаа шест високи воени лица во Бурма, да бидат обвинети во Меѓународниот суд за геноцид и воени злосторства против малцинството во земјата Рохинџа.
Армискиот шеф на Бурма и пет високи воени команданти треба да бидат истражени и обвинети за злосторства против Рохинџа муслиманите и други малцинства, соопшти денеска мисијата за утврдување на фактите која работи под мандат на Советот за човекови права на ОН.
„Воената неопходност никогаш нема да го оправда убивањето, групно силување жени, напади врз деца и палење на цели села“, се вели во повикот за случајот да биде упатен во Меѓународниот кривичен суд.
Најмалку 700.000 Рохинџа муслимани избегаа од западната држава на Бурма, Ракин, откако војската спроведе брутална акција врз бунтовниците во август 2017 година. Групите за човекови права наведуваа дека илјадници други лица загинале.
Будистичкото мнозинство во Бурма ги негира наводите за етничко чистење, инсистирајќи дека одговарале на нападите на милитантите на Рохинџа.