Ципрас: Некои останаа со подотворени усти поради Договорот со Скопје
Во македонското прашање со многу големи напори успеавме да стигнеме до историски договор задржувајќи ја над едно децениската национална линија, зачувувајќи го националниот интерес и нашата историја. И во ова големо прашање, некои останаа со подотворени усти, откако едно 20 тина пати променија позиција, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас пред членовите на Централниот комитет на СИРИЗА, упатувајќи критики до најголемата грчка опозициска партија.
Тој во 50-минутниот говор за „Грција во новата ера“, што воедно беше
и темата на неговото обраќање на состанокот на централниот комитет на неговата партија, го најави изборот на нов партиски секретар, со што, практично, најави и реконструкција на Владата, јавија новинските агенции.