Русија испраќа воени бродови кон Сирија по информациите дека САД и Британија подготвуваат напад
Во екот на се уште непотврдените информации дека Соединетите Американски Држави се подготвуваат за изведување на нов воен напад во Сирија, Кремљ нареди да се испрати дополнителна флота воени бродови кон сирискиот брег, објави Ројтерс.
Руското министерство за одбрана, јавува новинската агенција, потврди дека руските власти издале команда за испраќање на дополнителни воени бродови пред сирискиот брег во моментите додека САД, Велика Британија и Франција, според руски извори, се подготвуваат за изведување на воен напад на Сирија.