Адвокатите на Груевски побараа одложување на јавната седница на Апелација
Освен Груевски кој во случајот за набавка на „мерцедосот “ од 600 илјади евра како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, исто така осуден е и поранешниот помошник министер на МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.
Судскиот совет, кој одлучува по жалбата е во состав Цветанка Периќ, Тања Милева, Тања Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Беџети, даде пауза за да се произнесе по барањето. Вчера судскиот совет ја одложи јавната седница поради отсуството на Груевски и неговите четворица адвокати кои присуствуваа на рочиште во Кривичниот суд за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој Груевски исто така е обвинет.