Заврши сослушувањето на загрозениот сведок во случајот „Монструм“
Прашања на загрозениот сведок му поставуваше еден од обвинетите Фејзи Азири за времето во кое, како што тврди сведокот, го забележал Азири на местото на злосторството, а потоа Азири рече дека загрозениот сведок прв пат денеска навел дека покрај што забележал тела, слушнал и пукотници кај Смилковското Езеро на денот на настанот. Обвинителката Фатиме Фатаи, истакна дека на загрозениот сведок претходно не му било поставено конкретно прашање во однос на сведочењето за пукотниците.
Судот му постави неколку прашања на сведокот за двете возила, кои, според неговото тврдење, тој ги забележал, покрај возилото „Голф 3“, на местото на денот на петкратното убиство. Сосушувањето заврши, а судијата Огнен Ставрев посочи дека во маргините на доказната постапка следно ќе биде извршен увид на возилото „Голф 3“, за што Фатаи препорача јавноста да биде вклучена. Адвокатот на одбраната Насер Рауфи, истакна дека постојат индикации со кои се утврдува дека загрозениот сведок е „лажен сведок“.