Апелација го одби барањето на Груевски за изземање на Судскиот совет
По соопштувањето на ваквата одлука јавната седница на Апелациониот суд, кој одлучува по жалбите за затворските казни а Груевски и Поповски, повторно е прекината.
Одбраната на осудените побара изземање на судијата известител Тања Милева, бидејќи како што наведе била избрана во времето кога СДСМ формирала Влада, а СЈО ги отворило предметите за кои водело истрага. Претседателката на судскиот совет повторно даде пауза за да се достави барањето на одбраната.
Груевски во случајот за набавка на „мерцедосот “ од 600 илјади евра како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а Поповски на шест години и шест месеци затвор.