Тевдовски: ликвидноста на буџетот е одлична, нема потреба од ребаланс
Тевдовски наведе дека индустриското производство објавено минатата недела покажало раст од осум проценти во однос на јули минатата година, а во изминатите седум месеци оваа година забележан е раст од 5,6 проценти.
„Што покажува дека во 2018 година индустријата сериозно почнува да расте во однос на состојбата во 2017 година. Исто така извозот е силен и е повисок од 10 проценти по различни месеци, некаде и повисок. Кредитирањето е силно, инфлацијата е целосно под контрола. Потоа кај даноците, кои се најдобриот индикатор дали економските субјекти ја движат економијата и работат, има одлична наплата и сериозно зголемување, согласно проекциите, а некаде и повисоки“, рече Тевдовски.
Тој додаде дека сето тоа укажува дека ликвидноста на буџетот е одлична о оти од тој аспект нема потреба од ребаланс.