Британските обвинители осомничија две лица за труењето на Скрипал
Во денешно соопштение, Кралската обвинителска служба (КПС) наведува дека е „во интерес на јавноста е да бидат обвинети“ Русите Александар Петров и Руслан Боширов за злосторства кои вклучуваат обид за убиство и употреба на хемиско оружје.
„Обвинителите на Одделот за борбата против тероризмот на КПС ги разгледаа доказите и заклучија дека има доволно докази да обезбедат реални изгледи за обвинение“, се вели во соопштението.
КПС наведува дека е издаден налог за апсење на двајцата Руси, но и дека нема да бараат од Русија да ги екстрадира осомничените, бидејќи рускиот Устав не дозволува екстрадирање на руски државјани, изјави Сју Хеминг од КПС.
Според британската полиција, двете лица се на околу 40-годишна возраст, а од Москва во Лондон пристигнале со руски пасоши два дена пред Скрипал да биде отруен.