Директорите на Фејсбук и Твитер на сослушување во Конгресот на САД
Во минатата година Конгресот упати остри критики кон компаниите за социјални медиуми, бидејќи доказите покажаа оти тие биле искористени во наводните напори на Русија да се меша во претседателските избори во 2016 година. Специјалниот советник Роберт Мулер обвини 13 Руси за вмешаност во наводниот заговор за нарушување на изборите во 2016 година со креирање на лажни профили на социјалните мрежи.