Вучиќ: Приштина не сака да разговара ниту за едно суштинско прашање
„Време е ние да решаваме за нашата судбина, а не некој друг да ни ја крои од страна“, истакна Вучиќ.
Одговарајќи ја новинарско прашање за изјавите на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи, Вучиќ рече дека гледа дека албанските официјални претставници од Косово не сакаат да зборуваат за Заедницата на српски општини, ниту за Северот, ниту за Газивода. „Се чини дека тие не сакаат да зборуваат за ништо што е од суштинско значење“, изјави Вучиќ.