Фејсбук и Твитер ветија подобра заштита против манипулација на избори
Но, според сенаторот Ричард Бур, конгресот е загрижен оти тоа не е доволно и дека проблемот нема да исчезне. Тој изрази загриженост и дали проблемот се решава во вистинскиот правец.
Во минатата година Конгресот упати остри критики кон компаниите за социјални медиуми, бидејќи доказите покажаа оти тие биле искористени во наводните напори на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.