Шекеринска – Матис ќе ја посети Македонија в понеделник
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис доаѓа во посета на Македонија в понеделник, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на почетокот од својата посета на Кочани. Според неа, посетата на првиот човек на најмоќната армија во светот покажува колку е голема поддршката за Македонија.
„Тоа покажува дека светот ги отвори вратите кон нас, но сега останува на граѓаните на Република Македонија, на секој од нас поединечно да одлучиме дали таа отворена врата, дали таа подадена шанса ќе ја искористиме“, рече Шекеринска.