Анархисти ја нападнаа иранската амбасада во Атина
Група анархисти ја нападнаа иранската амбасада во Атина во знак на протест против третманот на курдското население од страна на Техеран, соопштија грчките власти.
Полицијата соопшти дека околу 10 лица вооружени со метални шипки рано денеска ги скршиле прозорците во чекалната на амбасадата и истуриле црвена боја во дворот. Нема пријавени за повредени во нападот.
Во изјава објавена на интернет, анархистичката група „Рубикон“ потврди дека го извршила нападот во гест на солидарност со Курдите од Иран.
Групата во минатото спроведе серија слични напади во Грција, насочени кон амбасади, компании и јавни згради.
Последниот напад во Атина доаѓа неколку дена откако активисти извршија напад врз иранската амбасада во Париз. Иранските медиуми објавија дека нападот го извршиле 15 курдски активисти, а иранското Министерство за надворешни работи ја обвини француската полиција дека не реагирала брзо.