Дачиќ: Косово во ОН кога врбата ќе роди грозје
Србија ќе го признае Косово и ќе се согласи на неговиот прием во Обединетите нации „кога врбата ќе роди грозје“, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, објавија српските медиуми.
На прием во Грчката амбасада во Белград, Дачиќ изјави дека Србија секојдневно добива разни пораки од Косово, кои се „надвор од реалноста“, односно дека се бара менување на границите, но без никакви територијални отстапки од косовска страна.
„Ни велат дека не сакаат корекција на границите, а сакаат да ги добијат Прешево и Бујановац? Многу биле паметни. Знаете кога ќе се случи тоа, кога Косово и Метохија ќе влезат во ОН и ќе ги признаеме како држава? Кога врбата ќе роди грозје“, изјави Дачиќ пред новинарите.