Хајли: Русија лаже и тајно носи нафта во Северна Кореја
Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли денеска ја обвини Русија дека, како што рече, „лаже и ги поткопува сакциите на Светската организација воведени кон Северна Кореја“.
Во обраќање на вонредното заседание на Советот за безбедност на ОН, Хејли нагласи дека постои систематично кршење на санкциите кон Пјонгјанг. Според неа, санкциите се прекршуваат на тој начин што се вршат бродски трансфери на стоки за кои е воведена забрана за извоз во Северна Кореја, меѓу кои и нафта и јаглен, објавија светските новински агенции.