Се урна скеле во Мадрид, повредени и затрупани работници
Најмалку петмина градежни работници се повредени, а двајца се затрупани при уривање на скеле на луксузен хотел во Мадрид, информира тамошната Брза помош. Скелето на шестиот хотел на луксузниот хотел Риц се урнало нешто по 16 часот по локално време. Пожарникарите се обидуваат да дојдат до најмалку двајца затрупани луѓе.