Предупредување на рускиот укажувач до Светската анти-допинг агенција
Григориј Родченков, кој помогна да се открие руската државна програма за допинг во спортот, упати предупредување до Светската анти-допинг агенција (ВАДА) околу враќањето на овластувањата на Руската агенција за надзор. Изјавата на Родченков е објавена на 18 септември во напис во весникот „USA Today“, два дена пред (ВАДА) да го разгледува враќањето.
ВАДА не смее да падне на манипулациите и лажните тврдења на Министерството за спорт, истото кое ја олесни програмата за допинг, напиша Родченков додавајќи: „тоа нема да биде ништо помалку од катастрофа за чистиот спорт.“
Откако Родченков го објави државниот допинг за време на Олимпијадата во Сочи во 2014 година, на многу руски спортисти им беа одземени медалите.
Тоа доведе ВАДА да и го одземе овластувањето на Руската агенција РУСАДА за следење на усогласеноста со стандардите за допинг на руските спортисти.