Русија ќе ја снабди Сирија со ракетен систем С-300
Русија ќе ја снабди Сирија со ракетен систем „земја – воздух“ С-300, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочувајќи дека со тоа ќе се подобри одбраната во земјата и ќе помогне да се спречи повторно соборување на руски авион, каков што беше случајот пред една недела.
Шојгу денеска рече Москва ќе испорача системи С-300 во рок од две недели и оти исто така на сириските сили ќе им обезбеди автоматизирани системи за нивната воздушна одбрана.
Ова ќе ги подобри сириските воздушно-одбранбени операции и што е најважно ќе биде гарантирана идентификацијата на руските авиони од страна на сириските системи за воздушна одбрана“, рече Шојгу.
Сириските владини сили на 17 септември по грешка урнаа руски воен авион „Ил-20“ врз северозападната провинција Латакија, при што загинаа 15 лица.
Министерството на Шојгу го обвини Израел дека го искористила рускиот авион за да ги избегне сириските системи за воздушна одбрана.