Рускиот опозициски лидер Навални уапсен веднаш по неговото ослободување
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше уапсен веднаш по неговото ослободување од 30-дневниот притвор, велат неговите помошници. Навални беше однесен во полициска станица во Москва, откако денеска излезе од притворниот центар, изјави неговиот помошник Леонид Волков.
„Ја отворија вратата и веднаш го ставија во автобус“, напиша Волков на Твитер.
Навални беше однесен во московската полиција и истиот ден ќе биде сослушан за обвиненија за прекршување на легислативата за јавни собири на начин што предизвикува штета врз здравјето и имотот, напиша на Твитер неговата портпаролка Кира Јармиш.
„Можната казна според овој член е над 20 дена, но се разбира ова е јасен потег кон фабрикување ново кривично дело“, вели Волков.
Навални има условни затворски казни откако беше прогласен за виновен во процесите во врска со финансиски криминал, а тој и неговите поддржувачи сметаат дека тоа а ангажман на Кремљ да го казни за неговото дејствување и поради обвинувањата за корупција на рускиот претседател Владимир Путин.