Засилени мерки за надзор во Србија, поради мајмунски сипаници во Европа
Српските здравствени власти соопштија дека ги засилиле мерките за надгледување на граничните премини по појавата на случаи заболени од т.н. „мајмунски сипаници“ (Monkeypox) во држави од Западна Европа.
Во министерството за здравство е формирана посебна група за следење и контрола на тоа заболување. За таа болест засега не постои вакцина и досега се потврдени случаи во Велика Британија. Со тој вирус се заразени патници кои во таа држава дошле од Нигерија.
Вирусот на човек се пренесува со консумирање месо или контакт. Пренесување од човек на човек е ретко, но не и неможно.