Болтон: Москва да ја преиспита одлуката за праќање на С-300 на Сирија
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави денеска дека плановите на Русија да ја снабдат Сирија со противвоздушен ракетен систем С- 300 претставува „значајна ескалација на Москва“. Тој изјави дека се надева оти Русија ќе ја преиспита таа одлука. Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу денеска изјави дека сириските вооружени сили ќе добијат модерен ракетен систем за одбрана С- 300 во рок од две недели. Тој систем е способен да ги пресретне средствата за воздушен напад во круг повеќе од 250 километри и истовремено да погоди неколку воздушни мети, изјави тој.