Ахмети - Референдумот е последна шанса за сигурна иднина
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во отворени писмо до граѓаните пред референдумот вели дека 30 септември е последна шанса да им се обезбеди сигурна иднина на новите генерации.
„Нашиот глас на 30 септември е глас на секој од нас за мир, одржлива безбедност и стабилност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за постабилен регион, за владеење на правото и правна држава, економски развој, поголеми домашни и странски инвестиции, за општествена благосостојба“, наведува Ахмети во писменото обраќање на крајот од кампањата за референдумот.
Ахмети пишува дека на „30 септември не сплотуваат, Албанци и Македонци, Турци и Роми, Власи и Срби, заедно со сите други за реализација на заедничкиот сон за евроатланска Македонија“.
Тој наведува дека е убедени оти граѓаните ќе донесат исправна одлука „ЗА“ европска Македонија.