Турција и Австрија се заложија за подобрување на односите меѓу двете земји
Односите на Турција и Австрија во последно време не се најдобри и тоа треба да се промени, истакнаа австрискиот и турскиот претседател Александар ван дер Белен и Реџеп Таип Ердоган на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Дијалогот меѓу Турција и Австрија е важен посебно имајќи ги предвид економските односи“, се вели во соопштението од кабинетот на Велен.
Тој во разговорот со турскиот претседател се осврна и на апсењето на австриските државјани и го замили Ердоган да најде решение.
Австрискиот претседател изрази загриженост во врска со внатрешната политичка ситуација во Турција, особено во однос на слободата на медиумите и човековите права, наведувајќи дека Австрија јасно го осудила обидот за државен удар во 2016 година.
Истовремено, австрискиот претседател се заложил Турција да ја прекине својата блокада во Програмата на НАТО Партнерство за мир, посочувајќи дека австриските војници во моментов не можат да учествуваат во обуките во рамките на воената алијанса поради турското вето.