ЕП: За косовското прашање ќе биде потребна согласност и од ЕУ и ОН
Решение за косовското прашање, кое подразбира и промена на границите, можно е единствено ако, освен Белград и Приштина, се согласат и ЕУ и Советот за безбедност на ОН, нагласи денеска известителот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер.
Тој на прашање на Танјуг за ставот за можната корекција на границите како дел од решението за косовскот прашање одговори да „во ЕУ се свесни на можноста на размена на територии и промена на границите.“
Тој додаде дека за овој правец престои уште долг пат и укажа на посветеност на претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи да најдат одржливо решение.